November 28, 2005

Борат ја поддржа тужбата против себе


Британскиот комичар чиј лик навлече гнев од властите во Казахстан одговори на заканите за тужба, поддржувајќи го таквиот потег. Во свој стил, се разбира.

Трпението по казахстанското министерство за надворешни работи беше потрошено по доделувањето на MTV наградите кои ги водеше Борат, еден од трите лика на Саша Барон Коен, кому главна занимација му е да ги шокира своите евро-американски соговорници со "факти од својата земја". На западњаците тоа им е интересно ама можете да помислите како им е на луѓето од Казахстан...

Заканувајжи се тужба, казахстанските власти отидоа дотаму што не ја исклучија можноста Коен да добива и политички инструкции за да ја оцрни нивната држава.

Одговарајќи на таквиот предизвик, Коен (инаку,Евреин) како Борат изјави:


- Немам никаква врска со господинот Коен и потполно ја поддржувам намерата на својата Влада да го тужи тој Евреин. Казахстан денес е цивилизирана земја. Жените смеат да се возат со автобус (и тоа внатре!), хомосексуалците не мораат да носат плави капи а долната граница за стапување во брак е подигната на 8 години! - изјави Борат.

Западен дипломат во Алма Ата рекол дека делумно го разбира гневот на властите во Казахстан.

"Криви се и ако реагираат и ако не реагираат. Едноставно немаат среќа што Борат се навртел токму на Казахстан," додал дипломатот.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home