December 15, 2005

http://www.draganvucic.com.mk



December 14, 2005

Reminder

Sekojdnevni aktivnosti - realnost










сексуални страсти и "филии"

Aгорафилија - уживање во секс на јавно место.

Агонофилија - полов нагон кој го стимулира уживањето во болката на партнерот. Различно од садизам, бидејќи во садизмот примарна не е болката, туку понижувањето на партнерот.

Агрексофилија - уживање во сознанието кога другите знаат дека водите љубов.

Акомокликтика - страст кон бричени гениталии.

Алфамегамија - страст кон партнери од различна возраст.

Алопелија - уживање во набљудување на други личности кои водат љубов. Различно е од воајеризам, бидејќи во овој случај се работи за отворено набљудување. На пример, личноста е во иста просторија со партнерите кои водат љубов.

Алотриорастија - страст кон партнери од друга вера, нација или раса.

Алтокалцифилија - фетиш кон високи потпетици. Мажите сакаат жени кои носат високи потпетици. Тоа се објаснува првенствено поради фактот што високите потпетици создаваат илузија дека нозете се подолги, потоа поради тоа што мускулите на ногата која е поткачена на високи потпетици се затегнуваат и и даваат поеротски облик. Жената чекори поинаку, поисправено, поеротски и со градите нанапред. Не е за занемарување ни илузијата дека стапалото делува помало - поеротско.

Амаурофилија - уживање во секс со заврзани очи.

Амомаксија - секс во паркиран автомобил. Амомаксот неможе да се возбуди сексуално никаде, освен во паркиран автомобил.

Аналинктус - склоност кон лижење на анусот.

Анастемафилија - склоност кон личност поради голема разлика во телесната тежина.

Анилалагнија - полова наклонетост кон постари жени.

Анократизам - анален секс.

Асфиксиофилија - возбудување со гушење, личноста се гуши самата себе.

Бромидрофилија - возбудување од телесни мириси.

Ефебофибија - патолошка сексуална склоност према малолетни партнери, а не кон деца, и поради тоа се разликува од педофилијата.

Ексхибиционизам - патолошка склоност кон покажување на половиот орган на непознати личности (најчесто од спротивниот пол).

Еротофобија - страв од секс.

Фетишизам - сексуално возбудување со несексуални предмети (или делови од телото) кои и припаѓаат вистински (или замислено) на одредена личност.

Фистинг - ставање цела дланка, примарно во вагината.

Фротеуризам - сексуално возбудување од триење на телото на непозната личност, на пример во автобус.

Гамофобија - страв од брак.

Геронтофилија - страст кон исклучиво стари личности.

Гимнофобија - страв од голотија.

Хамартофилија - уживање во забранетото.

Кинезиофилија - возбудување со телесни вежби.

Крурофилија - обожување на ногата.

Лакрифилија - уживање во солзите на партнерот.

Лигирофилија - уживање во гласни звуци.

Макленоманија - мазохизам кај жените.

Мазохизам - нагон кон трпење на понижување, болка, патење...

Мазофилија - страст кон силно стискање на градите.

Миксоскопија - уживање во гледање на партнерот како води љубов со друга личност.

Мизофилија - нагон кон нечисти личности.

Нанофилија - склоност кон мали и ниски партнери.

Некрофилија - сексуален однос со умрени личности (има ли и такви будали?).

Партенофилија - склоност кон девици.

Педофилија - сексуална склоност кон деца.

Пелотија - сексуално насладување преку допирање на жени.

Пигмалионизам - склоност кон статуи.

Пиктофилија - возбудување исклучиво доколку претходно личноста гледа порнографски слики.

Пиролагнија - возбудување поради пламен.

Порнолагнија - обожување на проститутки.

Ретифизам - возбудување, односно фетиш кон облека. Нагласен е кон секој вид на облека, не само на чизми или кондури со високи потпетици.

Садизам - сексуално уживање со понижување на партнерот и нанесување на болка.

Сомнофилија - болна потреба да се допира партнерот додека спие.

Сорофилија - склоност кон нечија сестра.

Спенкинг - уживање во "плескање" по задникот.

Стасиваленс - можност да се доживее оргазам само во стоечка положба.

Тетратофилија - уживање во секс со неубави личности.

Трептерофилија - сексуална склоност кон медицински сестри.

Трихопатофилија - фетиш кон кожа.

Троилизам - способност да се доживее оргазам само преку сексуален однос во кој учествуваат три личности.

Уролагнија - задоволство во уринирање.

Винцилагнија - уживање во врзување.

Воајеризам - возбудување преку скриено набљудување на туѓ сексуален однос.

Зелофилија - возбудување со љубомора.

Зоофилија (зоорастија) - болно впуштање во сексуални односи со животни.

?